1.Информации кои ги собираме
Лични информации. Лични податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. При креирање на профил, правење нарачка, оставање коментари и рејтинзи на своите нарачки, објавување коментари и содржини по форуми, социјални мрежи, испраќање повратни информации на нашиот сајт и на нашиот маил, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, ние може да ви побараме одредени ваши податоци. Не е секогаш задолжително да се вклучите во некоја активност која бара ваша идентификација.
2. Откривање на вашите информации
Ние нема да ги откриваме, споделиме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица. Ние може да ги споделуваме вашите податоци со овластени Бизнис провајдери кои извршуваат функции во наше име. Тие активности можат да бидат испраќање и дистрибуција на административни и промотивни пораки, анализирање на податоци, работење на веб сајтот, решавање на проблеми, обезбедување на служба за корисници, организирање маркетинг активности, наградни игри, доделување купони за бесплатна достава и сл. Ние исто така може да собираме лични податоци од поединци, но и од бизнис претпријатија со кои имаме склучено соработка и може да ги споделуваме со цел да ги оствариме нашите административни задачи. Кога правите нарачка и онлине плаќање, податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот систем на Стопанска банка со цел да се потврди плаќањето. На тој начин имаме увид дали трансакцијата е реализирана за да можеме да ја пуштиме во систем вашата нарачка и истата да ја испорачаме. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на другите. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со Закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб страница.
4. Безбедност и задржување на податоци
Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, случајно губење, уништување и оштетување. Ние ги задржуваме вашите информации за разумен период или колку што законот бара. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на веб-сајтот. Ние ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Иако ние преземаме чекори за заштита на вашите информации, ние не може да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци кои се пренесуваат на веб-сајтот; секој пренос е на ваш сопствен ризик.
5. Пристапување и коригирање на вашите лични податоци
Со логирање на вашиот профил можете да ги промените или избришете вашите податоци кои претходно сте ги внеле при првата регистрација. Единствено нешто што не можете да промените е вашата маил адреса. Доколку сакате да го користите вашиот профил со друга маил адреса, ќе мора одново да креирате нов профил со новата маил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@codevix.com. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци се додека профилот е активен. При онлине плаќање на вашите нарачки доколку одберете зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот преку кој се логирате, истите ќе бидат зачувани само на тој уред од кој сте се логирале и ние немаме апсолутно никаков пристап до истите.
6. Промени во политиката на приватност
Повремено можно е менување на нашите услуги. Поради тоа го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката за приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.
7. Контакт
Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност. Можете да не контактирате онлајн на info@codevix.com или на тел. +38975888745